https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10229376463731295&set=pb.1090077030.-2207520000.&type=3

16.08.2023 Скопје

Портпаролот на министерството, Олег Николенко, на својот Фејсбук профил напиша дека отсекогаш имаат претпоставувано дека Алијансата, исто како и Украина, не тргува со своите територии.

„Свесно или несвесно, вмешаноста на претставниците на НАТО во формирањето на наратив за отфрлање на Украина од нејзините територии игра во рацете на Русија“, вели Николенко и додава: „Во интерес на евроатлантската безбедност е да се разговара за начините за забрзување на победата на Украина и добивање полноправно членство во НАТО“.

Во изјава за украинска државна телевизија, портпаролот на НАТО рече дека тие ќе продолжат да ја поддржуваат Украина се додека е потребно и се посветени на постигнување праведен и траен мир.

„Позицијата на Алијансата е јасна и не е променета“, додаде тој.

Потсетуваме, Стиан Јенсен, шеф на кабинетот на генералниот секретар на НАТО, призна дека Украина може да добие членство во Алијансата во замена за отстапување на дел од своите територии на Русија.

„Верувам дека едно решение би можело да биде Украина да се откаже од територија и за возврат да добие членство во НАТО“, рече тој.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author