https://www.flickr.com/photos/koffeeexpress/46271348754/in/photolist-2duQKV5-21A1mi2-rehQ5t-qWRyCQ-ctfuAC-SSmdvX-qhCMSV-rerrvg-4ay6ni-9dx4Du-64DhLR-pCLbXv-2hoRgtA-7CHFj5-eABxfm-ohmNB7-7CHFXN-46uWgs-p2dawt-oFqw2T-5Ji3wQ-oFpKXx-dgkwvx-oVSKj7-7MRm9-aTRUdv-2hiL79V-6BAq3u-2jDXEp8-2hoRgRE-NAbD5G-ctfuJj-qX1tZn-2neixX2-edwxz4-fxwdLz-2fv8TUj-2mFLx5j-2jAfBGE-urNAc-22Vv9sV-2nGzsDy-2hpFJVV-5Ysrsu-deUPir-cm69pW-2jE2Nsy-2neEPra-H7MXsu-c6SK5

23.08.2023 Скопје

Повеќето љубители на кафе се држат до нормата од околу две шолји дневно.

Иако постојат наводни здравствени придобивки од овој пијалок, постојат и некои потенцијални ризици што треба да се земат предвид.

Експертот за исхрана д-р Мајкл Мозели издаде предупредување до луѓето кои пијат кафе секој ден.

Тој изјави дека иако топлиот пијалок има предности, има и недостатоци. На пример, може да помогне во подобрувањето на здравјето на мозокот и срцето поради фактот што содржи флаваноли и антиоксиданси, но открил и дека е важно да внимавате на времето од денот кога пиете кафе.

Креаторот на диетите Брзи 800 и 5:2, го цитираше истражувачот Џејмс Бетс од Универзитетот во Бат, кој наведува дека лошиот сон го зголемува нивото на кортизол, хормонот на стресот, во телото.

Како резултат на тоа, нивото на шеќер во крвта може да стане превисоко по лош ноќен одмор.

Тоа значи дека е препорачливо да пиете кафе после појадок за подобро да го контролирате метаболизмот, вели д-р Музли.

Музли додаде дека пиењето до три шолји кафе на ден може да ви помогне во метаболизмот, зголемувајќи ги вашите напори за слабеење.

Научниците од Институтот Каролинска во Шведска во една студија објавија дека пијалоците со кофеин може да играат улога во намалувањето на ризикот од дебелина и дијабетес тип 2.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author