susha

08.08.2023 Скопје

Во втората половина на август посилно ќе биде влијанието на африканскиот антициклон врз времето во Србија.

„Ова јадро на топол африкански воздух повторно ќе ја подигне температурата во нашата земја на 40 степени, така што можеме да очекуваме тропски денови и ноќи и вистински летни горештини“, вели метеорологот Иван Ристиќ.

Тој африкански антициклон го добил името Нерон, а Ристиќ додава дека, според сегашните прогнози, африканскиот антициклон ќе влијае на временските услови во земјата до 25 август, кога се очекува крајот на последниот топлотен бран, кој може да ја подигне температурата на воздухот на 40 степени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author