15.08.2023 Скопје
На аеродромот во Катанија вчера беа откажани или пренасочени сите летови поради ерупција на вулканот Етна.
Компанијата која управува со аеродромот соопшти дека аеродромот е повторно отворен во 6 часот изутринава.
Италијанските медиуми соопштија дека, од аеродромот им препорачуваат на патниците, за сигурност на авио линиите да ги проверат своите летови кај авиокомпаниите.
Подготвено од М.Н.