25.08.2023 Скопје
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден поднесе тужба против SpaceX, американска воздухопловна компанија во сопственост на Илон Маск, тврдејќи дека практиките на вработување на компанијата ги дискриминираат „бегалците и барателите на азил“.
Во соопштението со кое се најавува отворањето на судската постапка, американското Министерство за правда тврди дека од септември 2018 до мај 2022 година, SpaceX обично ги обесхрабрува барателите на азил и бегалците да аплицираат за вработување и одбиле да ги земат во предвид и да ги вработат поради нивниот статус на државјанство.
Маск веќе реагираше на најавата за правна постапка, осудувајќи го користењето на податоците на Министерството за правда за политички цели.
Во пораката објавена на X, Маск тврди дека американските федерални власти повеќепати го предупредувале (SpaceX) дека вработувањето на секој кој не е постојан жител на Соединетите Американски Држави би било прекршување на Меѓународниот закон за трговија со оружје, и ќе се соочи со кривично дело.
Подготвено од М.Н.