07.08.2023 Скопје
Глобална студија предводена од истражувачи од Универзитетот во Квинсленд и Медицинскиот факултет Харвард покажа дека секој втор човек ќе развие нарушување на менталното здравје во текот на својот живот.
Научниците анализирале податоци од повеќе од 150.000 возрасни луѓе во 29 земји помеѓу 2001 и 2022 година, при што резултатите покажуваат висока преваленца на нарушувања на менталното здравје, при што 50 отсто од населението развило најмалку едно нарушување до 75-та година од животот.
Студијата, Иницијатива за Светско истражување за ментално здравје на Светската здравствена организација, покажа дека трите најчести нарушувања на менталното здравје кај жените се депресија, специфична фобија (анксиозност што го оневозможува секојдневниот живот) и посттрауматски стрес (PTSD), додека три најчести нарушувања на менталното здравје кај мажите беа злоупотреба на алкохол, депресија и специфична фобија.
Водечкиот автор на студијата, професорот Џон Мекграт од Институтот за мозок во Квинсленд на UQ, рече дека резултатите ја покажуваат високата распространетост на нарушувања на менталното здравје, при што 50 отсто од популацијата развива барем едно нарушување до 75-годишна возраст.
Според него, „најчести беа нарушувањата на расположението како што се голема депресија или анксиозност. Откривме и дека ризикот од одредени ментални нарушувања се разликува по пол“.
Истражувањето, исто така, откри дека нарушувањата на менталното здравје обично првпат се појавуваат во детството, адолесценцијата или младоста.
„Највисоката возраст на првиот почеток беше на 15 години, со средна возраст на почеток од 19 за мажи и 20 за жени. Ова дава тежина на потребата да се инвестира во основната невронаука за да се разбере зошто се развиваат овие нарушувања“, рече професорот Мекграт.
Ко-истражувачот на студијата, професорот Роналд Кеслер од Медицинскиот факултет Харвард, рече дека се потребни инвестиции и во услуги за ментално здравје со посебен фокус на младите луѓе.
Според него, „услугите треба да бидат способни навремено да откриваат и лекуваат вообичаени ментални нарушувања и да бидат оптимизирани за да одговараат на пациентите во овие критични делови од нивниот живот. Со разбирање на возраста на која вообичаено се појавуваат овие нарушувања, можеме да ги приспособиме интервенциите во јавното здравство и да доделиме ресурси за да обезбедиме соодветна и навремена поддршка да им биде достапна на поединците во ризик“.
Истражувачите рекоа дека резултатите обезбедуваат вредни сознанија за зачестеноста и времето на почетокот на менталното нарушување врз основа на многу различни популации.
Подготвено од А.Ѓ.