03.08.2023 Скопје
Од Регионалниот Центар за управување со кризи Велес информираат дека педесет хектари сува трева, нискостеблеста шума, багреми и борчиња имаат изгорено во вчерашниот пожар над селото Отовица во близина на велешкото езеро Младост.
Во одреден момент имало опасност да се прошири пожарот и по куќите во селото, но ширењето на пожарот било спречено благодарение на брзата интервенција и заедничката акција на сите надлежни институции.
Причините за пожарот, кој избувна вчера околку 13 часот, засега не се познати. Тие треба да бидат отркиени со истрагата на Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.
Надлежните се сомневаат дека причината за пожарот е фрлен отпушок на автопатот Велес – Скопје, како што беше случај во претходниот пожар на истата локација на 31 јули годинава. Но, тогаш пожарот беше помал, побрзо изгаснат и имаше помала штета.
Пожарот беше пријавен во 13:30 часот, а беше изгаснат во 19:40 часот.
Подготвено од А.Ѓ.