11.08.2023 Скопје
Стопанската комора на Србија објави податоци кои покажуваат дека секој српски граѓанин во просек јаде по 18 килограми живина годишно, додека еден Европеец во истиот период јаде по 30 килограми.
Кога станува збор за свинско месо, таа количина е речиси двојно поголема во корист на Европејците.
Во Србија годишно се јадат 16 килограми свинско месо по глава на жител, додека во Европската Унија просекот по човек е 31,8 килограми.
Според податоците на СКС, секој од нас јаде по 4 килограми говедско месо годишно, во ЕУ тоа е повеќе од двојно – 10 килограми. Сличен однос има и кога е јагнешкото во прашање. Кога станува збор за риба, работите се речиси поразителни. Во Србија годишно се јадат три килограми риба по глава на жител, додека просечниот Европеец има пристап до дури 30 килограми годишно. Среќата во несреќата е што, според експертите, имаме доволно месо – освен свинско.
Подготвено од А.Ѓ.