semki od lubenica

31.07.2023 Скопје

Семките од лубеница содржат диететски влакна неопходни за нормално функционирање на дигестивниот тракт, помагаат при цревни паразити, како и во лекување на жолтица, водени болести и воспаленија во организмот.

Благодарение на нивниот уникатен состав, тие му помагаат на телото да се ослободи од токсините, го подобруваат здравјето на бубрезите, го штитат кардиоваскуларниот и нервниот систем, го зајакнуваат метаболизмот и имунитетот.

Едгар Кејси, кој почина во 1945 година, го посвети својот живот на истражување на хербални препарати. За целите на лекување, тој им препорачал чај од семки од лубеница на луѓе кои имале проблеми со бубрезите.

Чајот од семки е одличен диуретик и се препорачува за пациенти кои треба да ги елиминираат камењата и песокот во бубрезите и уринарниот тракт.

Еве како да го направите овој чај:

Се користат четири лажици исклучиво свежи семки од лубеница, се дробат или сецкаат во блендер и се варат 15 минути во 2 литри вода. Оваа количина треба да се подели и да се пие во текот на два дена, а третиот ден има пауза.

Така, процесот продолжува неколку недели во исти интервали од два дена употреба со еден слободен ден.

Веќе по првиот циклус од 3 дена, ќе се чувствувате подобро, а насобраните токсини ќе исчезнат.

За отстранување на песок од бубрезите потребно е да се повторат неколку циклуси.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author