19.07.2023 Скопје
Експертот за клима и предавач на Империјалниот колеџ во Лондон, Фредерика Ото, изјави дека нема сомнеж дека топлотните бранови што ја зафатија јужна Европа, САД и делови од Азија се посилни и подолги поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор.
Ото додаде дека се знае дека без калкулации не може да се каже колку посилни би биле топлотните бранови доколку не беа климатските промени, но се знае дека климатските промени се огромен фактор овде.
„Сè додека фабриките, електраните, бродовите, автомобилите и авионите продолжуваат да ги исфрлаат своите издувни гасови во атмосферата, работите можат само да станат пожешки“, рече Ото.
Таа додаде дека топлотните бранови низ северната хемисфера не се изненадувачки бидејќи тоа се очекува со оглед на сегашните нивоа на емисии на стакленички гасови.
„Добро знаеме дека се додека согоруваме фосилни горива, овие температури ќе растат и ќе се уриваат температурни рекорди“, вели Ото.
Подготвено од А.Ѓ.