12.07.2023 Скопје
Популацијата на Европската унија се зголеми во 2022 година за прв пат по три години, покажуваат новите податоци објавени од Евростат.
Иако имало повеќе смртни случаи отколку родени во 2022 година, поголемата миграција во ЕУ го зголемила населението.
На 1 јануари 2023 година, 448,4 милиони луѓе живееле во ЕУ, во споредба со 446,7 милиони една година порано.
Бројот на жители претходно се намали во 2020 и 2021 година поради пандемијата на корона вирусот.
Според податоците на Евростат, зголемувањето на населението во 2022 година може да се припише на зголемената постпандемична миграција и приливот на раселени лица од Украина кои бараат привремен статус на заштита низ ЕУ по избувнувањето на војната во таа земја во февруари 2022 година.
Околу четири милиони луѓе од Украина побарале привремено засолниште во ЕУ од март 2023 година. Некои земји-членки на ЕУ неодамна изразија загриженост за намалувањето на наталитетот и предложија мерки за справување со оваа ситуација.
Стапките на плодност се намалија во 11 од 27-те земји-членки на ЕУ помеѓу 2001 и 2021 година. Многу земји-членки, исто така, имаат стареење на населението поради подолгиот животен век.
Евростат објави дека бројот на жители се зголемил во 20 земји од ЕУ.
Најголемо намалување има Италија за 179.419 жители, а Германија за 1,12 милиони.
Подготвено од А.Ѓ.