04.07.2023 Скопје
Одговорот на рускиот претседател на бунтот на паравоената група Вагнер е „слаб“, и тој ја губи контролата над својот народ, тврди претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Претседателот на Русија не ја контролира ситуацијата во регионите, изјави Зеленски и според него, сета таа вертикална моќ што ја имаше рускиот претседател се распаѓа.
Извештаите на украинското разузнавање покажуваат дека за време на бунтот, Кремљ го земал пулсот на руската поддршка за шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин и наводно открил дека околу „половина од Русите го поддржувале“ востанието.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека бунтот на Пригожин има големо влијание врз силата на Русите на бојното поле, а со тоа веќе е премногу олеснета украинската контраофанзива.
Подготвено од М.Н.