zelenski erdogan

22.07.2023 Скопје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, оствари телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Украинскиот лидер во пораката објавена на неговиот профил на Твитер, соопшти дека во разговорот координирале напори за обновување на функционирањето на Црноморската иницијатива за жито, алатка која гарантира снабдување со жито преку Црното Море.

Поради постапките на Русија, светот повторно е на работ на криза со храна. Вкупно 400 милиони луѓе во многу земји во Африка и Азија се изложени на ризик од глад. Заедно, мора да избегнеме глобална криза со храна, истакна Зеленски, заблагодарувајќи му се на Ердоган за „плодниот состанок одржан во Истанбул на 7 јули“ и за принципиелниот став на Анкара во однос на членството на Украина во НАТО.

„Понатаму, разговаравме за спроведувањето на формулата за мир и побаравме помош од претседателот Ердоган за репатријација на украинските заробеници, особено на кримските Татари“, стои во пораката од украинскиот претседател.

Подготвено од М.Н.

About Author