zelenski bara oruzje od juzna koreja

11.07.2023 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека мнозинството земји-членки на НАТО се со неговата земја и дека самитот на НАТО во Вилнус мора да потврди дека Украина е де факто членка на Алијансата.

„Мнозинството од Алијансата цврсто стои со нас“, рече Зеленски.

„Кога аплициравме за членство во НАТО, искрено рековме: де факто Украина е веќе во Алијансата. Нашето оружје е оружје на Алијансата. Нашите вредности се оние во кои верува Алијансата. Во Вилнус мора да се потврди сето ова“, рече Зеленски.

Тој додаде дека на самитот ќе се разговара за дополнителни испораки на оружје за Украина.

„Сигурен сум дека од Вилнус би можеле да дојдат позитивни вести во врска со оружјето за нашиот народ“, рече Зеленски.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author