zelenski - sancez poddrska za nato

03.07.2023 Скопје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и премиерот на Шпанија, Педро Санчез потпишаа заедничка изјава за поддршка на Киев во неговата евроатлантска интеграција. Шпанија е 21-та земја што го поддржува украинското членство во НАТО.

Во документот се наведува дека Мадрид ја повторува својата поддршка за кандидатурата на Киев во Европската унија, дефинирана како „еден од приоритетите на шпанското претседателство со ЕУ“ и дека го поддржува создавањето на Советот Украина-НАТО.

„Колку е поширока Атлантската алијанса во Европа, толку е поголем просторот за мир и одбрана“, изјави Санчез на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател.

„Во заедничката изјава со премиерот Санчез за поддршка на аспирациите на Украина јасно се наведува дека безбедноста во Европа е наш заеднички приоритет“, изјави подоцна претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Подготвено од М.Н.

About Author