https://www.facebook.com/photo/?fbid=3261093420807678&set=pb.100007211555008.-2207520000.

17.07.2023 Скопје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во видеопорака која ја објави доцна синоќа истакна дека „Украина никогаш нема да се откаже од суверенитетот, и дека за тоа им е јасно на сите во светот“.

На 16 јули 1990 година, украинскиот Парламент усвои документ за независност на земјата, која тогаш се уште беше дел од Советскиот Сојуз. Според документот, Украина треба да има своја армија и своја национална банка, но да биде неврзана и да не поседува нуклеарно оружје.

Во 1991 година, додека Советскиот Сојуз се распаѓаше, Украина ја прогласи својата независност, и затоа Зеленски истакна дека ја гледа Украина како пример и пионер за слободата и демократијата во Европа.

Во своето видео обраќање, Зеленски исто така додаде дека Украина ќе се залага за својата слобода, независно од рускиот терор.

Подготвено од М.Н.

About Author