poplavi vo indijaaaaa 123

26.07.2023 Скопје

Денеска во област во близина на Њу Делхи обилните врнежи предизвикаа поплави, што доведе во евакуација и затворање на училиштата, бидејќи областа се подготвува за нови врнежи.

Стотици возила се под вода во градот Ноида, недалеку од Њу Делхи, откако се излеа реката Хиндон.

Граѓаните кои живеат во близина на брегот на реката, како што се гледа на снимката објавена од локалната телевизија, морале да се преселат во повисоките области, а некои училишта биле затворени.

Метеоролошката служба соопшти дека денеска во Њу Делхи наврна силен дожд, наведувајќи дека во изминатите 24 часа наврнале 37 милиметри дожд во централните и 110 милиметри во источните делови.

Во текот на денешниот ден се очекуваат умерени до обилни врнежи од дожд.

Нивото на Јамуна се искачи на рекордно ниво за 45 години по обилните врнежи на почетокот на овој месец, кои доведоа до поплави во делови од градот и евакуација на илјадници луѓе.

Водата стигна до ѕидовите на историската Црвена тврдина и го поплави споменикот посветен на Махатма Ганди.

Централната комисија за води предупреди дека нивото на реката утринава е блиску до опасно во Њу Делхи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author