17.07.2023 Скопје
Без разлика дали пиете силен чај, го користите во вода за да помогнете во слабеењето или само го разубавувате просторот за живеење, нането е задолжителна билка во вашиот дом.
Малку се знае за уште една негова моќ: да ги држи инсектите надвор од дома!
Нането има остра арома што ги опушта луѓето, но пречи на многу видови инсекти, поради што е одличен репелент, односно средство за одвраќање на многу бубачки.
Иако сè уште нема доволно истражувања за да се потврди моќта на нането во борбата против пајаците, потоа разните видови (не)летачки бубачки и инсекти, градинарите се колнат дека тоа е еден од најдобрите природни начини да ги избркаат инсектите од нивната градина.
Сепак, имајте на ум дека не секој вид нане предизвикува идентична реакција кај инсектите, но познато е дека питомото и дивото нане ги одбиваат мувите, пајаците и комарците, додека нането е ефикасно против крлежи и болви.
Нане, инаку, е честа состојка во производите против комарци.
Доколку не сте љубители на средството за заштита од комарци, доволно е да истриете нане или листови од диво нане на голата кожа кога ќе излезете надвор.
Можете исто така да направите домашен спреј за одбивање со додавање на малку есенцијално масло од пеперминт.
Подготвено од А.Ѓ.