kosovo nemiri protesti

13.07.2023 Скопје

Повлекувањето на косовската полиција од општинските згради на северот на Косово и Метохија започна врз основа на одлуката на привремените приштински институции.

Заменик директорот на полицијата за северниот регион Ветон Ељшани изјави дека започна повлекувањето на полицијата од три општински згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Владата на приштинските привремени институции во вторникот објави дека по средбата на главниот преговарач Бесник Бисљими со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, се согласила веднаш да го намали присуството на полицијата во и околу општинските згради на северот на Косово и Метохија за 25 отсто, како и да се одржат вонредни избори во четири општини на север по летото.

Покрај тоа, доколку е потребно, косовската полиција, заедно со ЕУЛЕКС и КФОР, ќе ја проценат безбедносната ситуација и ќе ја разгледаат можноста за дополнително намалување на полициското присуство во и околу општинските згради.

Во соопштението на владата во Приштина се додава дека Европската Унија ќе ги покани главните преговарачи во Брисел, со цел да се финализира секвенцискиот план на Договорот за нормализација, по што, како што се наведува, ќе се реализираат сите членови од договорот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author