05.07.2023 Скопје
Вистинската драма се одвивала на саемот во Крандон во американската држава Висконсин, кога се заглавил тобоганот, така што патниците три часа виселе наопаку.
Сè се одвивало на висина од 30 метри, а луѓето во паника чекале 45 минути да пристигнат пожарникарите.
После тоа започнало спасувањето на секој патник поединечно, кое траело со часови.
„Имаше механички дефект за време на возењето и „возачот“ се заглави во исправена положба“, изјави капетанот на противпожарната служба Бренан Кук.
На интернет се појавија видеа од овој настан и спасувачите како се качуваат до „автомобилот“ додека патниците чекаат наопаку. Во спасувањето учествувале десет противпожарни возила, девет возила на брза помош и 50 лица од три области.
Подготвено од А.Ѓ.