Image by xb100 on Freepik

20.07.2023 Скопје

Диме Велев, претседател на Сојзуот на здруженијата на дијабетичари соопшти дека лицата со дијабетес утре (19 часот) ќе протестираат пред Министерството за здравство, бидејќи со месеци се оставени без терапија.

Велев истакна дека се поминати сите рокови и дека се излажани 150 илјади граѓани, или 45 илјади лица со дијабетес на инсулин.

„Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и антидијабетна терпаија, Благодариме. Но, не ја добиваме! Зошто?“, се вели во сооопштението за протест.

Од Сојузот на здруженијата на дијабетичари истакнаа дека нема ниту преддијабетна терапија за лица кои имаат развиено компликации, со срцев удар, со кардиоваскуларни проблеми, со стентови, со мозочен удар. Тие примаат дополнителна терапија за дијабетес, која исто така со месеци ја нема.

Министерот за здравство Фатмир Меџити, на средбата со Здружението на 4 јули, вината ја лоцираше во доцнењето на тендерите за јавни набавки, но вети дека ќе се реши бргу тој проблем и веќе нема да има доцнење на терапиите за оваа група на пациенти.

Претседателот Велев додава дека протестот е предупредувчки и мирен, за безбеден и квалитетен живот на лицата со дијабетес, и се оградуваат од какви било други ознаки, присвојувања и обиди за инволвиораност на политички партии во овој протест.

Подготвено од М.Н.

About Author