11.07.2023 Скопје
Во Јоханесбург падна снег за првпат од 2012 година, а студеното време се прошири во поголем дел од Јужна Африка.
Локалните жители добија совети да преземат дополнителни мерки за да се загреат, а сточарите беа советувани да обезбедат засолниште за својот добиток.
Јужноафриканската метеоролошка служба соопшти дека снег имало и во Источниот Кејп и Мпумаланга.
Во текот на неделата се очекува студено време.
Ханел Дубел, портпаролка на Метеоролошката служба, рече дека снегот сè уште не предизвикал големи нарушувања во земјата.
Подготвено од А.Ѓ.