12.07.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека санкциите против Александар Вулин не се воведени поради криминал, туку поради неговиот однос со Руската Федерација.
Одговарајќи на новинарски прашања за коментар за тоа што американското Министерство за финансии воведе санкции за директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), тој рече дека не забележал дека кокаин е пронајден во канцеларијата на Вулин, туку во Белата куќа.
„Верувам дека е важно да се спроведе истрага. Вулин не е санкциониран за никакво кривично дело, туку за неговиот однос со Руската Федерација“, рече претседателот на Србија.
Подготвено од А.Ѓ.