13.07.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одлучи да го прекине извозот на оружје и воена опрема во следните 30 дена.
Вучиќ одлуката ја има донесено врз основа на Законот за претседател на Републиката и Законот за вооружените сили на Србија и поради усложнување на безбедносната состојба во земјата.
Одлуката се однесува на предлог до Владата да се донесат акти за прекин на извозот на оружје и воена опрема во следните 30 дена.
Одлуката се однесува на предлог до Владата да се донесат акти за прекин на извозот на оружје и воена опрема во следните 30 дена.
Исто така, во Одлуката, претседателот бара оружјето и воената опрема, складирани, произведени или во фаза на производство – во стопански субјекти на територијата на Србија, да се стават на располагање на вооружените сили и на Министерството за одбрана.
Подготвено од А.Ѓ.