ovoshjeeee

17.07.2023 Скопје

Во општина Центар се реализира проектот „Здрав оброк за секое дете“, што се спроведува преку програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во партнерство со Министерството за труд и социјална политика.

Преку проектот „Здрав оброк за секое дете“, кој се реализира втора година по ред, секое запишано детенце во градинка еднаш неделно ќе добива по еден килограм овошје, кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа од македонски производители. Целиот овој процес е под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ кои ќе го контролираат квалитетот и безбедноста.

Општина Центар е првата општина која покрена иницијатива за здрави оброци во градинките и училиштата, а кампањата денеска започна од градинката „Кочо Рацин“, објект „Панорама“.

Покрај делењето на здрави оброци за дечињата во објектот „Панорама“ во градинката „Кочо Рацин“, беше организирана и креативна работилница во која градоначалникот Герасимовски и министрите Николовски и Тренчевска подготвуваа разни производи од овошје.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author