10.07.2023 Скопје
Елизабета Тошевска, претставник на Синдикатот Спајс при ЈСП, изјави дека автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред, бидејќи вработените ќе штрајкуваат пред управната зграда на јавното претпријатие од 4:30 часот до 12:30 часот.
Тошевска истакна дека вработените ќе штрајкуваат поради неисполнетите барања и игнорантскиот однос на раководството на јавното претпријатие околу барањата содржани во Колективниот договор. Воедно, вработените овој чекор го преземаат бидејќи нема усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.
Доколку никој од раководството на ЈСП не ги прими на разговор, тие по 12:30 часот ќе си заминат дома и во Скопје пак ќе нема автобуси.
Подготвено од А.Ѓ.