31.07.2023 Скопје

Илјадници приврзаници на воената хунта на власт во Нигер демонстрираа во Ниамеј против француската амбасада.

На социјалните мрежи кружат видеа од протестот кои покажуваат како демонстранти извикуваат антифранцуски пароли и бараат затворање на француската амбасада. Во видеата се гледа дека е отстранета и таблата на амбасадата, а запалена е и влезната врата на објектот.

Претседателот Емануел Макрон соопшти дека нема да толерира никаков напад против Франција и нејзините интереси во Нигер.

„Секој што ќе ги нападне француските граѓани, армијата, дипломатите и француските канцеларии ќе види како Франција реагира веднаш и нефлексибилно“, соопшти француското претседателство.

Министерството за надворешни работи во Париз исто така го осудува целото насилство врз дипломатските канцеларии, чија безбедност е одговорност на државата домаќин.

„Нигериските сили имаат обврска да обезбедат безбедноста на нашите дипломатски и конзуларни претставништва според Виенската конвенција. Итно ги повикуваме да ја исполнат оваа обврска која им е наметната со меѓународното право“, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи во Париз.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *