28.07.2023 Скопје
Најголемата градба во светот направена само од пластични шишиња денеска е поставена покрај Ада Циганлија, вештачкото езеро во српската престолнина Белград.
Околу 57.000 шишиња создадоа пешачка патека долга 250 метри над езерото, што и овозможи на Србија да влезе во Гинисовата книга на рекорди и да ја престигне Италија, која беше претходно рекордер.
Развојот на проектот траеше речиси шест месеци преку собирање на пластичен отпад во различни реони на главниот град на Србија.
„Еден од приоритетите беше едукацијата на најмладите преку настани организирани со цел да се подобри знаењето за собирање на отпад од пакување и негово депонирање“, изјави Виолета Белановиќ, генерален менаџер на еден од партнерите во проектот, компанијата Секопак.
Подготвено од М.Н.