27.07.2023 Скопје
Во Санкт Петербург денеска ќе започне дводневниот руско-африкански самит и економски форум.
Рускиот претседател Владимир Путин, кој е домаќин на самитот со шефовите на африканските држави, на маргините на средбата ќе има билатерални разговори со своите колеги и ќе им се обрати на учесниците на пленарната седница.
На самитот ќе присуствуваат 17 африкански шефови на држави, меѓу кои и јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза.
Кремљ ги обвини западните земји дека се обидуваат да ги спречат африканските земји да учествуваат на самитот, втор од ваков вид. Првиот се одржа во 2019 година во Сочи на југот на Русија.
Африканските земји очекуваат да разговараат со рускиот претседател Владимир Путин за можноста за обновување на бизнисот со жито, изјави претседателот на Унијата на Коморските острови, претседателот на Африканската унија Азали Асумани, кој присуствува на руско-африканската самит.
Подготвено од А.Ѓ.