19.07.2023 Скопје
Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, најави дека е планирана привремена евакуација на околу 2.000 луѓе во областа Кировски на Крим, поради пожарот во таа област.
„Планирана е привремена евакуација на жителите од четири населени места. Нивниот вкупен број е околу 2.000“, напиша Аксјонов на „Телеграм“.
Поради пожарот е формиран тим за одговор при кризи.
Подготвено од А.Ѓ.