26.07.2023 Скопје
Командирот на пожарникарите на Дубровничко-неретванската жупанија, Стјепан Симовиќ, соопшти дека силниот ветер во текот на вчерашниот ден и екстремно силниот ветар во вечерните часови повторно ги разгореа пожарите.
„Повторно имаме пожар, можеби потежок и понапорен. Во моментов тој не им се заканува на куќите, но многу е сигурно дека тоа ќе се случи“, соопшти Симовиќ.
Силниот ветер ја отежна целата акција за локализирање на пламените јазица, објавуваат хрватските медиуми.
Пожарот во Жупа Дубровачка предизвика дополнителни потешкотии. На ридот над Петрача детонираат остатоци од мини од Татковинската војна, јавуваат медиумите.
Жупа Дубровачка е туристичко место, има многу станбени згради, мала општина, но има многу луѓе, рече Симовиќ и додаде дека се во контакт и со капетанот на канадерите, но во текот на ноќта не можеа да гасат поради силниот ветер кој предизвикува силни турбуленции.
Подготвено од М.Н.