19.07.2023 Скопје
Кога Мариел Пол ќе положи заклетва како министерка за основно и средно образование, холандската влада за првпат ќе има повеќе членови од женски од машки пол.
Ова ќе ја смести Холандија во мала група земји каде жените го сочинуваат мнозинството од владата.
„Секогаш постои ризик ваквата речиси еднаква распределба меѓу мажите и жените да не трае. Но, тоа сега не се случува“, вели Девика Партиман од организацијата „Гласајте за жена“.
Од групата „Women Inc“ велат дека одлуката да има повеќе женски членови во владата ќе има два ефекта.
„Прво, тие се пример за другите. Девојките и младите жени би можеле да мислат дека и тие би можеле да се справат со тоа. Второ, жените како членови на владата почесто носат одлуки кои промовираат родова еднаквост“, објави оваа група.
И покрај достигнувањата на ниво на централна влада, жените се уште се недоволно застапени на другите нивоа на холандската политика.
Околу 35 отсто од членовите на градскиот совет се жени, а по изборите за Покраинскиот совет, тоа тело сега има најмал број женски заменици во последните 12 години.
Покраинските влади во Зеланд и Флеволанд се составени исклучиво од мажи.
Според податоците на Обединетите нации, во просек помалку од една четвртина од владините министри ширум светот се жени.
Подготвено од А.Ѓ.