17.07.2023 Скопје
„До крајот на годинава бројот на заболени од рак може да достигне две илјади“, изјави директорот на Клиниката за онкологија во Приштина, Илир Куртиши. Воедно, истакна дека многу мал број пациенти кои се лекуваат на таа клиника биле испратени во странство на адекватен третман.
Според трендот на малигни заболувања, оваа бројка би можела да достигне 2.000, пред се млади луѓе.
Куртиши истакна дека многу мал број пациенти се испраќаат на лекување во странство, само три-четири проценти, поради посебен облик на зрачење што не се врши во ниту една земја во регионот.
„Клиниката за онкологија е добро снабдена со лекови“, додаде Куртиши, истакнувајќи дека планираат да отворатт работни места за лекари специјалисти за да отворат нови центри.
„Онколозите се поделени на две одделенија, седум радиотерапевти работат на радиотерапија, а тринаесет онколози работат на хемотерапија“, објасни Куртиши.
Подготвено од А.Ѓ.