18.07.2023 Скопје
Медиумите во Косово соопштија дека агенцијата за храна и ветеринарство во Косово, односно во општина Клокот го потврдиле првиот случај на африканска свинска чума.
„Агенцијата за храна и ветеринарство со свои тимови излезе на терен за дијагностички истражувања на пријавената фарма, земајќи примероци за испитување, од кои по испитувањето се потврди присуство на африканска свинска чума“, се наведува во соопштението на агенцијата.
Африканската свинска чума е заразна вирусна болест која предизвикува хеморагична треска кај домашните и дивите свињи, а стапката на смртност кај животните е 100 проценти.
Екипи на ветеринарни инспектори заедно со компанија за дезинфекција ги отстраниле заболените животни и извршиле дезинфекција на фармата и околината.
Од досегашни научни сознанија, оваа болест не е докажано дека е пренослива на луѓе.
Подготвено од М.Н.