06.07.2023 Скопје
Сè побрзото темпо на живот, исто така, доведе до сè побрзо темпо на исхрана, така што телото е предизвик секој ден да ги задоволи сите дневни потреби за хранливи материи. Токму затоа се повеќе се зборува и пишува за потребата од суплементација. Употребените суплементи мора да бидат проверени, безбедни и квалитетни, односно да ги задоволуваат дневните потреби за одреден витамин или минерал во форма што најдобро се апсорбира од телото.
Утрата се за витамините од Б комплексот: Суплементите се консумираат во одредено време од денот и не се земаат случајно, туку со намера и потреба. Така, витамините од Б комплексот се пијат наутро, бидејќи го подигнуваат нивото на енергија. Висококвалитетен додаток кој може да ги задоволи дневните потреби е Polivit B plus бидејќи има удобна доза од една таблета дневно и ги содржи сите осум витамини од Б комплексот, вклучувајќи ја и активната форма на фолна киселина. Овој препарат може да го користат бремени жени и доилки. За Омега 3 масните киселини вообичаена препорака е да се пијат навечер, после вечера, но не е грешка ако се пијат преку ден или наутро после оброк.
Вечер со магнезиум: Минералот кој го штити организмот е магнезиумот, а без него не би можеле да се исполнат многу функции на самото тело. Учествува во создавањето на енергија и ги штити мускулниот, нервниот и коскениот систем. Недостатокот на овој минерал се јавува дури и кај сосема здрави луѓе, а двојно повеќе кај жените. Се препорачува да се зема магнезиум навечер бидејќи делува релаксирачки на мускулниот и нервниот систем. Magnetrans 375 и Magnetrans duo-activ обезбедуваат дневен внес на магнезиум. Иако железото е идеално за внесување на празен стомак, неговата употреба често предизвикува стомачни проблеми и може да се конзумира со малку храна. Но, на пазарот има препарати како Феримор и Феримор Форте капсули кои имаат исклучително добра толеранција и не предизвикуваат стомачни проблеми, мачнини и запек.
Д3 + К2: Витаминот Д3 е растворлив во масти и идеално се зема со најголемиот оброк во денот. Важноста на витаминот Д, особено во зима, им е позната на сите, но она што е можеби помалку познато е дека комбинацијата на витамин Д3 и К2 има посебен бенефит за некои пациенти. Пациентите со дијабетес, лицата кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања, остеопороза и остеопенија, како и оние со ослабен имунитет треба да обрнат особено внимание на дополнителното дополнување со овие витамини. Eunova Duo Protect D3 + K2 обезбедува дневна доза на витамини Д3 и К2 во една капсула. Содржи високи дози на витамин Д3 (1000 и 2000 IJ) и 80 mcg витамин К2 во форма на MenaQ®7, кој има подобра искористеност и ефикасност. Производот е квалитетен, не содржи конзерванси, вештачки бои, соја, млечни протеини, лактоза и глутен.
Цинкот е есенцијален минерал, што значи дека нашето тело не може сам да го синтетизира, но мораме да го внесуваме преку храна или додатоци во исхраната. По железото, тоа е втор најзастапен минерал во нашето тело, а суплементите на цинк најдобро се земаат попладне. Immunozinc за деца и Immunozinc за возрасни во само една таблета на ден обезбедуваат дневни потреби за цинк. Таблетите имаат пријатен портокалов вкус, погодни се и за вегани и вегетаријанци, а пакувањето е многу економично бидејќи содржи 60 таблети, што е доволно за 2 месеци суплементација.
Од голема важност е доколку е потребна суплементација, суплементите да се користат мудро и рационално.
Подготвено од А.Ѓ.