panda

11.07.2023 Скопје

Јужнокорејската зоолошка градина денеска соопшти дека во Јужна Кореја за првпат се родија џиновски панди близнаци.

Женските близначки се родени во петокот во забавниот парк Еверленд во близина на главниот град Сеул, објави зоолошката градина во видеото на својот канал на Јутјуб. Првата близначка тежи 180 грама, а вториот, кој се роди речиси два часа подоцна, 140 грама.

„Помеѓу 40 и 50 отсто од новородените панди се близнаци“, изјави директорот на зоолошката градина Донги Чунг.

Кина испраќа панди во странство како гест на добра волја уште од 1950-тите како дел од „панди дипломатијата“.

Близнаците панди се родени речиси три години откако Фу Бао, првата панда родена во Јужна Кореја, се роди од истите родители Аи Бао и Ле Бао.

Фу Бао треба да биде вратен во Кина до јули следната година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author