inflacija eu

19.07.2023 Скопје

Конечната проценка на заводот за статистика на ЕУ, Евростат, покажува дека годишната инфлација во земјите од еврозоната забави на 5,5 отсто во јуни, од 6,1 отсто на месечна основа.

Индикаторите се совпаѓаат со прелиминарните проценки.

„Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни беше 5,5 отсто, наспроти 6,1 отсто во мај. Стапката една година претходно беше 8,6 отсто“, се вели во соопштението на Евростат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author