japonija zabrana kina mikrociovi

24.07.2023 Скопје

Новите ограничувања за извозот во Кина на напредни машини за производство на микрочипови, одобрени од Токио, стапија на сила вчера во Јапонија, во согласност со напорите на САД да го запрат растот на Пекинг во секторот на полупроводници.

Новите правила, дел од амандманот на законот за надворешна трговија, го ограничуваат извозот во Кина на 23 различни категории машини за производство на микрочипови на претходно одобрение од јапонското Министерство за трговија. Токио отворено не ја наведе Кина како примател на мерката.

Пекинг минатиот месец реагираше на ограничувањата наметнати од Соединетите Држави и нивните сојузници, објавувајќи ограничувања за извозот на галиум и германиум, две ретки земји клучни за производство на микрочипови.

Подготвено од М.Н.

About Author