grcija posle pozharite

28.07.2023 Скопје

Грчкиот министер за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас денеска изјави дека во последните неколку дена во Грција имаше повеќе од 600 пожари, а дека огромното мнозинство се предизвикани од луѓе.

„Државата ќе направи се што е потребно за да им помогне на погодените“, рече Кикилијас, истакнувајќи дека три лица загинаа, а 74 се повредени.

Посочи дека ситуацијата е тешка, и дека е стабилизирана благодарение на посветеноста на противпожарните бригади, споменувајќи ја и смртта на двајцата пилоти.

Кикилијас нагласи дека повеќето од околу 660 пожари се изгаснати, а имало и 10 големи пожари.

Министерот посочи дека климатската криза нема да исчезне и дека на неа мора да се прилагодат стратегиите на сите нивоа.

Состојбата околу пожарите во Тесалија, Крф и островот Евија утрово е многу подобра, а пожарите на Родос се ставени под контрола.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author