https://www.flickr.com/photos/foto_db/24740154202/in/photolist-DGcKUN-DqvpdL-DqvqvA-2T5FJ3-29eQvfM-F6ajN2-Js6HFq-gQ5MQ-dxNPru-pphcfW-85afxN-dQzBLt-Dj8MKD-PRtCJ-PS2EF-bz53yt-9p91vW-5Q8xVG-qWN6hG-q35XRb-LmTbv-qGEqVa-5LEmF-2inoZ6z-2j9cPqm-2dCUh6x-2j4SwX7-2kNHTMk-dtK618-BdG3Jw-gHjnG-8TUMsV-88g6E5-qYWiqX-KiJwq-8eMMGb-D8ib-drDYQ-2hybaWf-Q7L1-23JmsqN-8VSMHx-23s5FSr-7wjfGt-23JmsFN-2nLbonc-YdMnRW-raGcqQ-5yCDx1-GyeXuc

31.07.2023 Скопје

Владејачката коалиција во Германија се залага да го укине законот кој налага, „странците кои сакаат да добијат германско државјанство, мора да се откажат од старото“, соопштија германските медиуми.

Германија е една од ретките западни земји која се уште инсистира на овој принцип за добивање на германско државјанство.

Целта на реформата на Законот за државјанство е, Германија да стане поатрактивна имиграциска земја за квалификувани работници, бидејќи земјата се најде во остра конкуренција со другите европски земји, како Франција, Холандија или Шведска, кои имаат поблаги критериуми и помалку пречки за доаѓање на квалификувана работна сила од странство.

Владејачката коалиција на социјалдемократите, зелените и либералите во федералниот парламент, Бундестагот, презентираше предлог за нов Закон за државјанство, со кој ќе се сменат сегашните строги услови.

Во нацрт-законот се предвидува, откажувањето од претходното државјанство повеќе да не е услов за стекнување германско, а во исто време, времето потребно за континуиран легален престој во земјата да се скрати од осум на пет години, како што веќе се практикува во повеќето европски земји.

Германија е имигрантска земја во која повеќе од четвртина од граѓаните имаат мигрантско потекло, а според забележаните податоци, околу 13,5 милиони граѓани се без германско државјанство, односно 16 отсто од населението.

Подготвено од М.Н.

About Author