Image by photoangel on Freepik

24.07.2023 Скопје

Меѓународен тим на истражувачи за првпат го истражуваше загадувањето со пластика во езерата на глобално ниво и дојде до разочарувачки резултати.

Микропластиката сè уште е присутна во езерата навидум недопрени од човечки фактори и во споредба со океаните, многу поголеми количини микропластика се откриени во езерата.

Истражувањето беше развиено и водено од Истражувачката група за водна екологија и управување со водите од Универзитетот во Милано-Бикока во Италија.

Во проектот беа земени примероци од 23 езера од 38 земји користејќи го истиот метод.

Езерата се избрани така што нивните хидроморфолошки карактеристики како волумен, длабочина, должина на брегот и други антропогени фактори како присуство на пречистителни станици, густина на населеност, покажуваат најголема разновидност и се географски дисперзирани.

Затоа, примероците може да се сметаат за глобално репрезентативни.

Пластиката во примероците од водата потоа беше групирана по форма, боја и големина.

Излегува дека речиси 94 отсто од пластичните честички во водата се микропластика. Тие го анализирале и хемискиот состав на честичките и дошле до изненадувачки заклучок дека повеќето од нив се полиестер, полипропилен или полиетилен.

„Последните два материјали сочинуваат повеќе од половина од светското производство на пластика“, објаснуваат истражувачите.

Врз основа на количината на пластика во водата, секое езеро доби своја „визит-карта“. Истражувачите ја испитуваа врската помеѓу езерата и можните извори на загадување, како и карактеристиките на сливот.

Излегува дека два вида езера се особено загрозени: оние лоцирани во густо населени, урбанизирани области и оние со големи водени површини.

Иако сините или црните полиестерски влакна доминираа во езерата со мала водена површина и плитки и кратки брегови, проѕирните или бели полипропиленски и полиетиленски зрна доминираа во длабоките езера со долги брегови.

Истражувањето исто така покажа дека езерата Лугано, Лаго Маџоре и Тахо се веќе позагадени од најзагадените суптропски океански струи во светот.

Покрај тоа, пластични честички се пронајдени дури и во водите навидум недопрени од човековата активност.

Резултатите од студијата укажуваат дека езерата можат да бидат добар показател за степенот на глобално загадување со пластика, а реките и езерата треба да се земат предвид во борбата против загадувањето со микропластика.

За време на истражувањето земени се примероци од единственото езеро во Австрија, Лунцер, релативно мало езеро, чиј брег е ретко населено, спаѓа во помалку загадените езера со помалку од една пластична честичка на метар кубен.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author