https://www.facebook.com/photo?fbid=506225424867678&set=pb.100064406750972.-2207520000.

11.07.2023 Скопје

Во Универзитетската детска клиника во Белград беше извршена првата трансплантација на бубрег на десетгодишно момче, чиј донатор беше неговата мајка, а тимот хирурзи го предводеа експерти од Лондон, соопшти Републичкиот фонд за здравствено осигурување.

Трансплантацијата ја изврши тим лекари од клиниката „Грејт Ормонд стрит“ заедно со српски колеги. Тимот на лекари од Лондон го сочинуваат нефрологот Јелена Стојановиќ и хирурзите за трансплантација Никос Кесарис и Јоанис Лукопулос.

Од Фондот посочуваат дека доаѓањето на тим лекари од Велика Британија е дел од протоколот за лекување на деца со најсложени ретки патологии, што Фондот го потпиша со една лондонска болница во декември минатата година.

„Покрај тоа, договорено е нивни стручњаци да дојдат во Србија за да вршат трансплантација на деца помали од 30 килограми, а кои Фондот ќе ги испрати на лекување во странство“, соопштија од ФЗОМ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author