06.07.2023 Скопје
Припадници на Одделот за сузбивање на незаконската работа при Данската имиграциска служба во текот на вчерашниот ден извршиле ненајавена контрола на незаконски работи на градилиште во центарот на Роскилде и во таа прилика имале неколку апсења.
Имено, откриени се повеќе работници кои работеле на црно, меѓу кои и 61-годишник од Босна и Херцеговина и државјанин на Хрватска (39). Тие се приведени поради кршење на законот за имиграција бидејќи ниту еден од нив немал потребни дозволи за работа во Данска.
Против нив е покренато обвинение за прекршување на законот за имиграција, но тие остануваат во притвор додека данската служба за имиграција не одлучи дали ќе бидат депортирани од Данска и ќе им забранат повторно влез во земјата.
Подготвено од А.Ѓ.