11.07.2023 Скопје
Скокот на трошоците за енергија поради војната во Украина ги тресе цените на глобално ниво, предизвикувајќи главоболки кај граѓаните и претприемачите илјадници километри оддалечени од бојното поле.
Инфлацијата и експлозијата на цените на струјата во Австралија имаат силно влијание врз австралиските „кафулиња“, чиј бизнис со сервирање сендвичи со кафе одеднаш стана непрофитабилен, принудувајќи ги многумина да ги затворат своите кафулиња.
Австралиската индустрија за кафулиња, вредна околу 10 милијарди австралиски долари и исто така најголема надвор од Европа по население, станува видлива жртва на поскапите комунални услуги, трошоците за производство, платите и кириите. Истовремено, порастот на каматните стапки во обид да се спречи инфлацијата ги притисна граѓаните да трошат поскромно, намалувајќи ги приходите на угостителите.
Груба пресметка илустрира дека трошоците за комерцијално производство на сендвичи, вклучувајќи ги сите режиски трошоци од електрична енергија до говедско месо, пораснале за 16 отсто во изминатите две години, додека потрошувачката драстично се намалила, бришејќи ја типичната профитна маржа на индустријата од десет отсто.
Трошоците за производство на едно од најпопуларните кафиња, т.н „рамно бело“, зголемено за речиси 20 отсто. Резултатот е помал профит, пад на бројот на клиенти и се повеќе ресторани кои го ставаат клучот во бравата.
„Трошоците за живот стануваат повисоки, особено за оние кои доаѓаа на дневен оброк“, рече Џек Хана, кој го затвори својот ресторан Godsline Cafe во центарот на Сиднеј минатиот месец, две години по отворањето на бизнисот, трошејќи околу 1,5 милиони австралиски долари за опремување.
„Луѓето едноставно не се подготвени да трошат пари на дополнителна потрошувачка кога супермаркетот е исто така скап. Моравме да ги зголемиме нашите цени и да им плаќаме на нашите вработени плата за живот“, вели Хана.
Пред пандемијата, угостителството сочинуваше околу една третина од австралиските мали бизниси рекламирани за продажба. Денес ги има повеќе на продажба, нивниот број е речиси половина, а бараните цени се намалени и до 50 проценти. Околу една шестина од кафулињата објавени за продажба се затвораат пред да најдат купувач.
Подготвено од А.Ѓ.