https://www.facebook.com/photo.php?fbid=631718245176741&set=pb.100050157143955.-2207520000.&type=3

31.07.2023 Скопје

Обединетото Кралство ќе додели стотици нови лиценци за истражување на полиња за нафта и гас во Северното Море, како дел од напорите на земјата да стане енергетски понезависна, соопшти владата на ОК, која прецизираше дека лиценците може да се понудат и во близина на области каде што веќе се дадени дозволи за да се забрзаат процесите на доделување.

На прес-конференција, британскиот премиер Риши Сунак истакна дека, сега повеќе од било кога, од витално значење е да се зајакне енергетска безбедност на ОК и да се искористи независноста за да се испорачува поевтина и почиста енергија во британските домови и бизниси.

Премиерот Сунак истакна дека, дури и кога ќе се достигне целта за нето нула емисии во 2050 година, четвртина од енергетски потреби на ОК се уште ќе доаѓаат од нафта и гас.

Сунак потенцираше дека земјата ќе ги исполни своите цели за климата на „пропорционален и прагматичен начин“ и дека нема да има дополнителни трошоци во сметките за домаќинствата.

Подготвено од М.Н.

About Author