19.07.2023 Скопје
Во синоќешната дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД, американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, порача дека Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени, што на Република Северна Македонија ќе и овозможи пристапување во ЕУ.
Ескобар истакна дека Вашингтон веќе е ангажиран да разговара со новата влада на Бугарија, и да се осигура дека нема да има нови барања за евроинтеграциите на државата, откако Република Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори.
Ескобар истакна дека Република Северна Македонија и Албанија, веќе ги отвориле пристапните преговори со ЕУ и се цврсти партнери на САД и сојузнициво НАТО, кои се залагаат за нормализација на осносите меѓу Белград и Приштина.
Американскиот праеник за Западен Балкан потенцираше дека евро и евроатлантската интеграција се од клучно значење за да се намали влијанието на штетните актери во регионот, како што се Русија и Кина, но и на корумпираните локални актери, кои имаат за цел да го дестабилизираат регионот и да ги попречат интеграциите, преку проширување на своите влијанија.
Подготвено од М.Н.