24.07.2023 Скопје
Соединетите Држави се обидуваат да ги зајакнат „линии на комуникација“ со Кина за да ги стабилизираат односите меѓу двете големи светски сили, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Работиме на тоа да внесеме одредена стабилност во врската, да воспоставиме основа за врската, за да се осигураме дека конкуренцијата во која сме вклучени да не премине во конфликт, истакна Блинкен во интервјуто на маргините на Форумот за безбедност во Аспен, Колорадо.
Секретарот, кој минатиот месец се врати од официјална посета на Кина, прва во Пекинг од страна на американски државен секретар во последните пет години изјави дека пред неодамнешните контакти, Вашингтон и Пекинг не разговарале многу, но сега веќе има составено неколку групи кои се во контакт или се на пат да разговараат за чувствителни проблематични прашања во меѓу двете држави, каде што верувам дека може да се дојде до решение, додаде Блинкен.
Секретарот прецизираше дека тој бил многу јасен со своите кинески колеги дека САД ќе продолжи да прави и кажува работи што на Кина нема да и се допаднат, исто како што тие ќе продолжат да кажуваат и прават работи што на САД нема да се допаѓаат.
Вистинскиот тест, според државниот секретар, ќе биде да пробаат дали може да управуваат со (односот) преку овие пречки, да се погрижат да ги поддржуваат и сочуваат овие линии на комуникација. Отворено прашање, по неодамнешната посета на Блинкен на Пекинг и оние на министерката за финансии Џенет Јелен и на пратеникот за климата Џон Кери, би било обновувањето на директните линии на комуникација меѓу вооружените сили на двете земји.
Подготвено од М.Н.