sad belata kuka

18.07.2023 Скопје

Координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека САД не размислуваат за промена на политиката на санкции по пропаѓањето на Црноморската иницијатива за жито.

Кирби изјави дека Вашингтон никогаш не поставил никакви ограничувања за руските земјоделски производи.

„Нема причина да размислуваме за промени, бидејќи ние тоа воопшто не го правиме, односно не го санкционираме“, изјави Кирби за новинарите.

Тој го повтори ставот на администрацијата на претседателот Џо Бајден дека американските санкции на кој било начин не влијаат на способноста на Русија да извезува земјоделски производи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author