https://www.facebook.com/photo/?fbid=741204214043187&set=a.471468304350114

25.07.2023 Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски лично ќе ги образложува уставните измени во Комисијата за уставни прашања.

Денес почнува собраниската процедура за отворање на Уставот, а премиерот Ковачевски ќе биде првиот говорник кој ќе има 30 минути да ја образложи потребата за внесување на Бугарите и останатите во највискиот акт на државата.

Постапката почнува без претходно обезбедено 2/3 мнозинство во Собранието и став против измените од страна на најголемата опозициска партија. Сепак, пратеничката група ќе учествува во комисиската расправа иако вчера попладне ги направи последните координаиции со лидерот Мицкоски.

Власта пак, на координација со спикерот Џафери кој ја раководи Комисијата за уставни прашања веќе го утврди сценариото за денешниот ден, но и за пленарната седница која треба да почне на 18 август.

Во првата фаза се расправа само по однос на Инцијативата за отворање на Уставот. Конкретните уставни амандмани, како и евентуланите амандмани на нив се во вторатата и третата фаза од измените.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author