crna gora aerodrom

03.07.2023 Скопје

Граѓанскиот активист Александар Драгиќевиќ ја објави веста дека на аеродромот во Подгорица има колапс и дека нема персонал кој ќе ги води патниците.

Од аеродромот во Црна Гора велат дека има ограничувања во квалитетот на услугата кои се директно условени од состојбата на инфраструктурата.

„Дојдете во Црна Гора, драги туристи, да видите што по ѓаволите се случува, има колапс на аеродромот ПГ, нема персонал да го насочи, можете да видите пред неколку часа се створи гужва. Патниците апелираат да се прати некој да режира, кога веќе е направена гужва еден час по апелот, праќаат некој што не знае англиски и после се случува пеколот. Зошто не гледате уште некој непознат партиски кадар да ставите за да можеме целосно да го затвориме“, рече Драгиќевиќ.

Аеродромите во Црна Гора соопштија дека аеродромите во Црна Гора се способни безбедно да ги опслужат сите потреби на дојдовниот сообраќај, со ограничувања во квалитетот на услугата кои се директно условени од состојбата на инфраструктурата.

„Системските инфраструктурни инвестиции бараат посветеност на сопственикот во смисла на носител на развојот“, велат од аеродромот во Црна Гора.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author